Ибрахимовиќ имал можност да игра во Англија, но и покрај тоа потпишал за Милан!?


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


По осум години Златан Ибрахимовиќ повторно се врати во дресот на Милан, а за враќањето се реши за да му помогне на поранешниот клуб да се пласира во европските натпреварувања.

Меѓутоа, Серија А беше прекината поради пандемијата на вирусот, а италијанските медиуми тврдат дека Ибра нема да остане во клубот затоа што не е задоволен од управата.

Ибра имал преговори и со претседателот на Лидс, но не успеале да се договорат.

„Разговарав со Ибрахимовиќ. Имавме отворен и искрен разговор, но на крајот тој реши да се врати во Милан“, објасни газдата на Лидс.

Ибра и покрај неговите 38 години, игра одлично во дресот на „росонерите“, а притоа постигна четири гола во 10 меча.