Ибрахимовиќ ја дозна казната, ама ни судијата не помина подобро!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ доби суспензија по бизарниот црвен картон на мечот против Парма.

Ибрахимовиќ заработи директен црвен картон поради приговор кон судијата Мареска, кој исто така ќе мора да паузира.

Уште не е познато што му кажал Ибрахимовиќ на судијата, но ќе мора да се соочи со казната од два натпревари.

Милан може да се пожали на оваа казна и најверојатно суспензијата ќе биде намалена на само еден меч, а од друга страна Мареска ќе паузира во следните неколку кола.