Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Искусниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ со Милан има договор до крајот на сезоната и не е познато дали ќе остане на „Сан Сиро“.
Швеѓанецот минатото лето реши да потпише нов едногодишен договор, но свесен е дека се ближи крајот на неговата кариера.
Уште не е познато какви планови има Ибрахимовиќ за иднината, но очигледно нема да биде тренер.
Ибрахимовиќ неодамна кажа дека не размислува за тренерска кариера затоа што едноставно чувствува дека такво нешто е невозможно поради неговиот карактер.
„Да бидам тренер? Тоа е невозможно. Во текот на натпреварот би удрил најмалку двајца фудбалери. Ќе се обидам да останам во фудбалот, но не како тренер“, кажа Ибрахимовиќ.