Ибрахимовиќ: Јас сум доказ дека во животот ништо не е невозможно!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ беше присутен на мечот меѓу Шведска и Србија и неговите сонародници му оддадоа почит.

Ибрахимовиќ се појави пред навивачите на стадионот и испрати порака до најмладите навивачи.

„До помладата генерација, сакам да ви кажам дека мора да верувате и да сонувате. Ако немате сила да сонувате големи работи, учете од мене. Јас сум доказ дека ништо не е невозможно“, кажа Ибрахимовиќ.