Ибрахимовиќ ќе остане во Милан и следната сезона!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ се договорил да ја продолжи соработката со Милан, а информацијата ја пренсе „Кориере дела Сера“.

Искусниот фудбалер ќе остане во редовите на „росонерите“ уште една сезона, а неговата плата ќе остане иста, односно ќе заработи седум милиони евра.

Ибрахимовиќ имаше договор со Милан до јуни, но екипата сакаше да го задржи и следната сезона, па очигледно двете страни се договориле.

Шведскиот играч многупати досега покажа колку е важен за екипата, а и самиот кажа дека е подготвен да ја продолжи соработката со Милан.