Ибрахимовиќ на 41 година ќе игра за Шведска


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ доби повик во репрезентацијата за квалификациите за Европското првенство (ЕП).

Иако има 41 година и неодамна се врати на терените по операцијата на коленото, сепак селекторот Јане Андерсон реши да го повика Ибрахимовиќ во тимот затоа што може да му помогне со неговото искуство.

„Ибрахимовиќ веќе имаше три настапи за Милан и се чувствува подготвен. Мислам дека може да ни помогне во квалификациите. Пред сè на теренот, но и надвор од него“, кажа Андерсон.

Напаѓачот на Милан досега има 121 настап за репрезентацијата на Шведска, а притоа постигна 62 гола.