Ибрахимовиќ направи шоу: Напаѓачот пушти турбо-фолк хит во соблекувалната на Галакси (ВИДЕО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ е сигурно најдобриот фудбалер на Шведска, но тој не ги заборава своите корени. Неговото семејство потекнува од Босна и Херцеговина, па напаѓачот повторно го воодушеви Балканот.

Искусниот напаѓач во моментов настапува за Лос Анџелес Галакси и секој меч ја воодушевува фудбалската јавност со своите голови и потези.

Галакси објави интересно видео од својата соблекувална, кое го направи Пери Кичен, кој исто така игра за овој тим и тој очигледно беше зачуден поради музиката, која ја пушти Ибра.

Во соблекувалната „грмеше“ балканска песна,а  Ибра очигледно ужива во таквата музика, па реши да им пушти и на соиграчите.