Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе го соопшти името на новиот клуб, откако му завршува договорот со Лос Анџелес Галакси, а вчера ја изненади јавноста откако објави дрес на Хамарби.
Сепак, Швеѓанецот денеска реши да ја објасни мистеријата и порача дека нема да игра фудбал за шведскиот тим, туку купил акции и ќе вложува во екипата.
„Ќе му помогнам на Хамарби да стане најдобриот клуб во Скандинавија“, кажа Ибрахимовиќ и сериозно ги навреди и налути навивачите на Малме, каде што настапуваше порано.
Ибрахимовиќ би можеле по завршување на неговата кариера да го гледаме како директор или сопственик на некој тим, а тоа би можел да биде токму Хамарби.