Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Без оглед на неговите години, Златан Ибрахимовиќ има уште многу што да понуди на врвно ниво. Швеѓанецот минатата зима се врати во Милан, меѓутоа како што стојат работите, тој на крајот на сезоната ќе си замине.
Во разговор за српските медиуми, Синиша Михајловиќ кажа дека по завршување на шестмесечната соработка, Ибра ќе го напушти Милан и има две опции – Болоња или Шведска.
„Ми се јави пред неколку дена. Ќе видиме што ќе реши на лето. Сигурно нема да остане во Милан, но прашање е дали ќе дојде кај нас или ќе се врати во Шведска“, кажа Михајловиќ.
Болоња уште минатата зима сакаше да го ангажира, а својата желба би можела да ја исполни дур на лето.