Ибрахимовиќ: Нема што да докажувам повеќе, ретко кој може да го прави тоа што можам јас!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ се врати во неговата репрезентација по долга пауза и во два натпревари запиша две асистенции.

Шведска славеше против Косово со 3-0 и со шест бода е на прво место, откако во првиот меч победи со 1-0 против Грузија, а Ибра и на двата дуели асистираше.

„Немам намера што повеќе да се докажувам. мене не ми преостанува ништо друго освен да се забавувам. Ретко кој го може тоа што го правам јас на 39 години. Уживам играјќи за Милан и Шведска. Спремен сум и можам да играм на високо ниво“, порача Ибра.

Оваа сезона Ибрахимовиќ одигра 23 натпревари за Милан и постигна 17 голови.