Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ преку „Газета дело Спорт“ му порача на Милан кој фудбалер го сака како соиграч во нападот, иако би му бил сериозен конкурент.
Ибрахимовиќ порача дека сака да игра заедно со Оливие Жиру, за кој веќе долго време се шпекулира дека ќе потпише со Милан.
Жиру има договор со Челси до 1 јули, а потоа Милан може да го ангажира бесплатно. Французинот би го заменил Марио Манџукиќ, кој си замине од тимот на крајот на сезоната.
Францускиот напаѓач освои многу трофеи во минатото, па беше важен играч во сите успеси на неговите тимови, иако често го потценуваат.
За три години во Челси постигна само 39 голови, а само оваа сезона даде 11 голови, иако беше резерва.