Ибрахимовиќ откри за кој човек би играл бесплатно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ игра феноменално во дресот на Милан и во моментов е најдобар стрелец на тимот во Серија А, но постоеше можност да замине во Болоња пред да се пресели во Милано.

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ ја објави неговата автобиографија, а на претставувањето зборуваа многу познати личности, меѓу кои беше и Ибрахимовиќ, кој призна дека би играл за Србинот и бесплатно.

„Кога дознав дека Михајловиќ е болен, не знаев кога е најдобро да му се јавам. Сакав да му дадам сила. Му кажав дека ќе направам сè за него, па дури и ќе играм бесплатно“, кажа Ибрахимовиќ.

Меѓутоа, Ибра наместо во дресот на Болоња, се пресели во Милан и очигледно не направи грешка со неговиот потег.