Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ и во следната сезона ќе настапува за Милан, откако го продолжи договорот со италијанската екипа за уште една година.
Од Франција пристигна неверојатна вест која во јавност ја објави „Ле Паризиен“, кој ги следи случувањата во ПСЖ.
Медиумот објави дека Мино Рајола, менаџерот на Ибрахимовиќ, неколку пати разговарал со Леонардо, но директорот на ПСЖ му кажал дека не го сакаат шведскиот напаѓач.
Популарниот Ибрахимовиќ знаел што потпишува затоа што на себе си обезбеди одлична плата затоа што во сезоната 2021/22 ќе го прослави својот 40. роденден.
Италијанските медиуми претходно објавија вест дека Ибрахимовиќ ќе заработи најмалку 7,5 милиони евра, што не е мала сума посебно во време на пандемија на ковид-19.