Ибрахимовиќ призна: Од мене има само еден подобар фудбалер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ во претходните денови беше во центар на внимание поради неговата контроверзна честитка за Божиќ.

Ибрахимовиќ во текот на кариерата освои многу трофеи, меѓутоа никогаш не славеше во Лигата на шампиони, а не ја доби ниту наградата за најдобар фудбалер во светот.

„Не би ги менувал своите 12 награди за најдобар фудбалер во Шведска за една „Златна топка. Тие за мене значат многу. Видов многумина кои освојуваат награди и исчезнуваат, а јас сум на врвот веќе 25 години“, порача Ибрахимовиќ.

Ибра се смета себеси за втор најдобар фудбалер во историјат, а пред него е само легендарниот Диего Армандо Марадона.

„Недвед ме натера да тренирам повеќе. Тој е машина. Потоа тука се Виера и Чави, па Кафу, Зидан, Роналдо и Марадона. Тој е најдобар во историјата. Да, подобар и од мене“, призна Швеѓанецот.