Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спортмедијасет“ пренесува дека Милан е чекор поблиску до ангажман на Златан Ибрахимовиќ кој во моментов е слободен агент.
Наводно „росонерите“ се во постојан контакт со агентот на напаѓачот, Мино Раиола и во моментов се преговараат бонусите во договорот на Швеѓанецот.
38 годишниот напаѓач бара три милиони евра за шестмесечен договор со Милан, кој подоцна би можел да се продолжи.
Милан е во потрага по нов напаѓач затоа што оваа година се катастрофални во нападот и имаат постигнато само 12 погодоци на 13 натпревари.