Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ полни 39 години и реши да се почести со скапа подарок. Тој е самоуверена личност, па секогаш се обидува да биде поразличен од останатите, а тоа го докажа и со подарокот кој си го купи.
Швеѓанецот за роденден потроши 210.000 евра на автомобил Порше 911, кој до 100 км/ч забрзува за 3,8 секунди, а има максимална брзина од 304 км/ч.
„Среќен роденден, Златан“, си напиша искусниот напаѓач во објавата на социјалните мрежи.
Ибра пред неколку дена го победи и ковид-19, но најверојатно нема да настапи против Специја.