Ибрахимовиќ се понуди, но си доби едно „Не“ и тоа од – неговите сонародници!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ако за некој може да се каже дека е како виното тогаш тоа дефинитивно е Златан Ибрахимовиќ кој игра одлично и на 39 години.

Пред неколку дена Ибрахимовиќ објави фотографија во дресот на Шведска со опис „Долго не сме се виделе“.

Тоа од многумина беше сфатено како најава за негово враќање во репрезентацијата. Сега, не е познато дали Ибрахимовиќ и официјално се понудил да се стави на распалогање на селекторот Јане Андерсон, меѓутоа на списокот за дуелите со Данска, Хрватска и Франција името на Ибра го нема.