Ибрахимовиќ се расплака на последниот тренинг: Ова ќе биде мој последен меч!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната, барем така откриваат пријатели на искусниот фудбалер.

Човекот кој работеше со Ибрахимовиќ на документарен филм по неговото враќање во Милан и уредник на „Скај Италија“, Ди Стефано испрати порака до јавноста.

„Толку многу добри вести за Милан во последно време и сега жал ми е ова да го објавам. Ибрахимовиќ ја завршува кариерата на крајот на сезоната. Добив информација од еден негов соиграч дека Ибра се расплакал на тренинг. Сепак, тој игра под инекции, иако има големи болки. Златан не тренира со екипата од вторник до петок, зашто го боли коленото, но не попушта и сака да им помогне на колегите да го освојат Скудетото“, напиша Ди Стефано.