Ибрахимовиќ се спаси од црвен картон, па призна: Намерно беше, ама пак би го повторил!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ на мечот против Шпанија во мундијалските квалификации направи нешто за што многумина сметаат дека требаше да добие црвен, а не жолт картон.

Ибрахимовиќ во завршницата од мечот го удри Цезар Аспиликуета, но судијата му покажа само жолт картон за стартот кој можеше да го повреди неговиот ривал.

Неколку дена подоцна во разговор со „Гардијан“, Ибрахимовиќ призна дека намерно го удрил фудбалерот на Челси зашто сакал да му покаже дека не треба да прави некои работи.

„Пред неколку дена направив прекршок. Тоа беше намерно. Не се срамам да го кажам тоа зашто тој го глумеше мојот соиграч. Би го повторил потегот“, кажа Ибрахимовиќ.