Ибрахимовиќ се враќа во Милан!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ја заврши фудбалската кариера, но реши повторно да се врати во Милан каде што ќе биде дел од управата на клубот.

Ибрахимовиќ се пензионира минатото лето, но ќе продолжи да работи со раководството на тимот со цел да го врати на врвот.

Швеѓанецот ќе соработува со Гери Кардинале за да им помогне на „росонерите“ во следните месеци или години, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.