Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ пред неколку недели објави фотографија со дресот на Шведска и така крена бура од коментари во неговата земја.
Ибрахимовиќ потоа кажа дека тоа била провокација за луѓето во Шведска, но очигледно тоа не е вистина, барем така може да се заклучи по зборовите на шведскиот селектор, Андерсон.
Андерон бил во Милано, каде што имал состанок со Ибрахимовиќ и добил позитивен одговор од напаѓачот за враќање во репрезентацијата, и тоа за првпат откако ја напушти во 2016 година.
„Златан ја отвори можноста за враќање во репрезентацијата, па затоа правилно од моја страна беше да се сретнеме колку што може побрзо. Состанокот беше позитивен, се договоривме да разговараме повторно“, кажа Андерсон.