Ибрахимовиќ со два гола донесе премиерна победа за Милан во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Милан славеше победа од 2:0 против тимот на Болоња во првото коло од италијанската Серија А.

Милан беше поконкретенод самиот почеток и веднаш се виде дека клубот предовден од Стефано Пиоли ќе стигне до победата.

Творец на победата беше најискусниот фудбалер на теренот, Златан  Ибрахимовиќ кој ги постигна двата погодоци.

Швеѓанецот првиот гол го постигна со глава во 35. минута, а вториот го постигна по само пет минути игра во второто полувреме од белата точка.