Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ верува дека е доволно добар да игра во Премиерлигата, па испрати порака до управата на Манчестер јунајтед.
Ибрахимовиќ има 37 години, но ја врати својата одлична форма, па од него се очекуваат уште многу голови.
Швеѓанецот кажа дека доколку му треба на Јунајтед, тие знаат каде да го најдат.
„Секако дека можам да играм во Премиерлигата, ако му требам на Јунајтед, тука сум. Сепак, во моментов ме има Галакси, па така жал ми е поради навивачите на Манчестер“, се пошегува Ибра.
Напаѓачот постигна 22 гола во исто толку настапи сезонава, а само на последните три меча постигна шест гола.