Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ има 39 години, но по неговите настапи тоа не може воопшто да се забележи.
Ибрахимовиќ во претходните денови е активен на социјалните мрежи, а утрово објави слика и неколку зборови со кои ја крена Шведска на нозе.
Искусниот напаѓач кој сезонава во Серија А постигна седум голови најави можно враќање во репрезентацијата на Шведска.
„Долго време не сме се виделе“, напиша Ибрахимовиќ во описот на фотографијата на која се наоѓа во дрес на шведската репрезентација.
Веднаш следеше реакција и од селекторот на Шведска, Андерсон кој кажа дека не знае зошто Ибрахимовиќ ја објавил оваа фотографија.
„Не знам зошто го направи тоа, може да зборувате со него. Јас не знам. Уште не сме разговарале“, кажа Андерсон.
Long time no see pic.twitter.com/1VQR3PMh4s
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) November 2, 2020