Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ на 39 години игра феноменално во дресот на Милан. Тој во претходниот дуел против Наполи постигна два гола и го однесе тимот на прво место.
Ибрахимовиќ има голема желба за фудбалот, а неговите зборови за медиумите едноставно може секого да го наежат.
„Секој пат кога ќе ги облечам копачките си го помислувам истото. Ова е тоа што го сакам. Фудбалот е моја страст, мој најдобар пријател. Без фудбал не би бил тоа што сум. Без него ќе се чувствувам изгубено“, кажа Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот се повреди во дуелот против Наполи, но паузата не би требало да биде долга, туку ќе се врати за една-две недели.