Ибрахимовиќ ужива на јахта, а во позадина свири – Аца Лукас! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ не настапи на Европското првенство (ЕП) поради повреда, па затоа реши да замине на одмор каде што ќе се одмори пред новите предизвици кои го очекуваат во следната сезона.

Искусниот фудбалер на Милан ќе го пропушти почетокот на сезоната поради повреда, а летните денови ги минува на јахта во секојдневно уживање. Со фановите подели дел од атмосферата на Инстаграм, па се јави и во живо, а во позадина свиреше балканска музика.

Освен Осман Хаџиќ, Ибрахимовиќ во јавност пушти и хит на Аца Лукас, а претходно беше во центар на внимание кога пушташе музика од Нада Топчагиќ.

Ибрахимовиќ во моментов е фудбалер на Милан и со неговите голови им помогна на „росонерите“ по долго време конечно да се вратат во Лигата на шампиони (ЛШ).

Иако има 39 години, Швеѓанецот не мисли да запре и го продолжи договорот со тимот од Милано на уште една година, а зад себе има неверојатна кариера и играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Лос Анџелес Галакси…