Ибрахимовиќ во еуфорија го скрши стаклото на автобусот (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ со еден потег ги збудале навивачите на Милан пред мечот против Аталанта.

Навивачите на тимот од Милано пред почетокот на дуелот се собраа во голем број пред стадионот за да ги поддржат своите фудбалери.

Кога стигна автобусот со ѕвездите на Милан се создаде одлична атмосфера, а Ибрахимовиќ се внесе во неа, па го скрши стаклото на клупскиот автобус.

Милан славеше со 2-0 против Аталанта и сега ги дели само еден бод од освојување на Скудетото на кое чекаа неверојатни 11 години.