Ибрахимовиќ во Реал Мадрид? Перез откри како го понижил Швеѓанецот!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сакал пред неколку години да го ангажира Златан Ибрахимовиќ.

Првиот човек на „кралевите“ сакал да го донесе Ибрахимовиќ во екипата каде што тогаш бил Кристијано Роналдо, но сепак на крајот се откажал од идејата.

Перез откри дека Швеѓанецот му се допаѓа како фудбалер, но неговиот карактер бил пресуден во размислувањето дали да го ангажира.

„Сакав да го донесам Ибрахимовиќ додека играше за ПСЖ. Сметав дека во тој момент е на исто ниво како Кристијано Роналдо. Сакав да играат заедно и да доминираат во Ла Лига, но преговорите ми покажаа дека на него му се важни парите, а не трофеите. Сакаше двојно поголема плата од Роналдо. За мене е обичен силеџија“, вели Перез.