Ибрахимовиќ за свирежите кон Меси: Да сум на негово место, ќе нокаутирам неколку навивачи!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ги коментираше свирежите на навивачите на ПСЖ, кои беа испратени кон Лионел Меси.

Навивачите не се задоволни од настапите на Меси, иако тренерот Кристоф Галтие е задоволен од Аргентинецот и тоа јавно го покажа.

„Навивачите имаат среќа што Лео е мирен човек и не се грижи премногу за такви работи. Да бев на негово место, ќе нокаутирав неколку ултраси. На крајот ќотек ќе добиеше и градоначалникот, а потоа ќе се спакував и ќе си заминев. Меси во изминатите години со Барселона гостуваше на многу стадиони и ова не му се случи, но тоа се култни и легендарни стадиони и никој не му свирел“, вели Ибрахимовиќ.