Идеалниот тим на сите времиња кој го избра Роналдо (Фото)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роналдо Назарио – Ил Феномено – е име кое и денес предизвикува почит каде и да се изговори.

Многу фудбалски љубители се уверени дека Роналдо Луис Назарио де Лима без тешките повреди на коленото денес уште поубедливо би стоел на врвот на сите дискусии за најголемиот играч во историјата.

И денес, 15 години по неговото заминување во пензија, Роналдо е исто така обожуван низ светот. Неговите мајстории не бледнеат, а секоја негова нова изјава и избор предизвикуваат големо внимание. Овој пат се најде во центарот на интересот затоа што го состави својот идеален тим на сите времиња – тим од кој застанува здивот.

Во неговиот избор се најдоа: Буфон, Кафу, Канаваро, Малдини, Роберто Карлос, Зидан, Марадона, Пеле, Кристијано Роналдо, Меси и Роналдо.