Идејата го помина првиот тест – почна втората фаза од проектот: „БеНе“ лигата станува реалност?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Почна како интересна идеја, но шансите дека наскоро ќе биде создадена заедничка фудбалска лига меѓу холандските и белгиските тимови се навистина големи.

Холандскиот фудбалски сојуз соопшти дека првата фаза, однсоно развој на проектот се покажал како голем потенцијал и поради тоа била започната втората фаза.

Втората фаза ќе биде студија за реализација и ако бидат позитивни заклучоците, тогаш би можеле да се премине од теоретски на практичен дел, односно создавање на „БеНе“ лига.

Идејата за заедничка лига посебно им се допадна на најголемите и најуспешните клубови од двете земји. Па така на состанокот беа пет белгиски тима (Гент, Клуб Бриж, Генк, Андерлехт, Стандард) и шест холандски тима (ПСВ, Витесе, Фејнорд, Ајакс, АЗ Алкмар, Утрехт).