Идиоти на векот: Му го украдоа медалот на Пиоли, па објавија слика на интернет (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан конечно го освои Скудетото, по пауза од 11 години, а на прославата некој од навивачите му го украл медалот на тренерот Стефано Пиоли.

Пиоли се пожали дека некој му го украл медалот, по што полицијата почна истрага за пронаоѓање на крадците, но немаше потреба долго да ги бара.

„За време на прославата ми го украдоа медалот. Би бил благодарен ако ми го вратат затоа што тој ми е единствен“, кажа Пиоли.

Крадците сами се издадоа и објавија фотографија на социјалните мрежи со медалот, а притоа го означија и официјалниот профил на Милан, по што еден од нив објавил дека продавал медал, а тоа сега скапо ќе ги чини.