Игало го постигна својот првенец во Јунајтед, голот го посвети на… (Фото+ Видео)


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед игра како по ноти во првиот дел од натпреварот против Клуб Бриж.

„Ѓаволите“ имаат водство од 3:0 и веќе сигурно обезбеден пласман во осминафиналето од Лига Европа.

За Манчестер Јунајтед головите ги постигнаа новите засилувања Бруно Фернандеш и Одион Игало, а еден гол беше дело и на повратникот Скот Мектомини.

За искусниот нигериски напаѓач ова беше прв гол во дресот на Манчестер Јунајтед по неговиот трансфер од Шангај. Игало голот го посвети на неговата прерано почината сестра која го загуби животот на 12 декември, нешто пред фудбалерот да го реализира трансферот од соништата.