Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Одион Игало во последните моменти од јануарскиот преоден рок реализираше позајмица во редовите на Манчестер Јунајтед.
Нигериецот важи за голем фан на „ѓаволите“ па токму затоа притискал да се реализира трансферот на „Олд Трафорд“ иако до него стигнале и други понуди.
„Од 11 часот вечерта се средуваше документацијата, се преговараше договорот за позајмица. Тогаш и други тимови бараа и ме посакуваа. Но јас му кажав на мојот агент што сакам, сакам да одам во Манчестер Јунајтед. Тој рече ќе мора да се согласиш за намалување на платата во Јунајтед. Реков дека не ми е гајле и да го заврши договорот. Не ми е грижа колкава ќе ми е платата, само реализирај го трансферот. Луѓето кои ме знаат, и тие во Нигерија знаат дека сум фан на Јунајтед, моите соиграчи додека играв во Вотфорд знаеја дека го сакам Манчестер Јунајтед и ги поддржувам“ –изјави Игало.