Игало со прва изјава како фудбалер на Манчестер Јунајтед: Ми сеоствари сонот…


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Одион Игало во последните моменти од преодниот рок потпиша шестмесечен договор со Манчестер Јунајтед.

Искусниот фудбалер пристигна на „Олд Трафорд“ на позајмица, а вчера стигна во Манчестер каде беше пречекан на аеродромот од неколку новинари.

Тој за „Скај Спортс“ изјави дека е многу среќен што потпишал договор со Манчестер Јунајтед, клубот за кој отсекогаш навивал.

„Ова е остварување на сонот затоа што кога бев дете го следев и сонував за Манчестер Јунајтед. Сега ова е реалност, не можам да кажам многу се додека не започнам. Беше лудо, навистина. Среќен сум што сум во Манчестер. Тоа е одлична можност за мене“ –изјави Игало.