Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Нико Паз воодушевува во Комо во Серија А. Од кога пристигна во италијанскиот клуб од Реал Мадрид во август 2024, неговата вредност драстично порасна, а 21-годишниот ова лето го привлече вниманието на Тотенхем. Сепак, аргентинскиот репрезентативец има на ум враќање во Мадрид.
Шпанскиот клуб размислуваше за активација на откупната клаузула летово и задржува дополнителни опции за 2026 и 2027 година. Се очекува Паз да стигне во Реал Мадрид најдоцна следното лето, иако денес се појавија информации дека мадридскиот клуб го сака одличниот офанзивец веќе оваа зима.
Според Transfermarkt, Паз вреди 55 милиони евра, но Реал може да го добие многу поевтино. Оваа сезона Паз има 13 натпревари, пет голови и четири асистенции и е еден од најдобрите играчи во Серија А.
Неговата импресивна прва сезона во Италија 2024/25, во која постигна шест голови и имаше девет асистенции во 35 натпревари, ја наведе управата на Мадрид сериозно да размисли за неговото враќање ова лето. Претходно најчесто играл за резервните тимови на Реал во третата лига на Шпанија, а со сениорскиот тим на Реал Мадрид одигра осум натпревари и 128 минути, со важен гол во Лигата на шампионите.
















