Играч на Реал Мадрид на социјалните мрежи го потврди траснферот во Тотенхем?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Дани Себаљос би можел да се преселиво редовите на Тотенхем.

Некои медиуми пренесоа дека договорот се уште е далеку од комплетирање, но една објава на Себаљос го сврти вниманието на јавноста во Англија.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, на својот Инстаграм профил објави фотографија од англиска говорница која често се наоѓа во Лондон, градот од кој е токму Тотенхем.

Медиумите веднаш излегоа со информација дека Себаљос како да сака да каже нешто со фотографијата на која се гледа како разговара од говорницата, а до неа се прикачени емотикони кои навестуваат некакво изненадување.