Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Арон Ван Бисака ги отфрли сите шпекулации кои го поврзуваат со заминување од тимот на Кристал Палас.
Според англиските медиуми за десниот бек на Кристал Палас постои сериозен интерес од редовите на Манчестер Јунајтед, меѓутоа Ван Бисака потврди дека ќе биде во клубот и следната сезона.
„Ситуацијата покажува дека моите настапи не поминале незабележано. Но јас сум играч на Кристал Палас во овој момент. Во овој клуб имам договор и ќе бидам тука и следната сезона. Имам уште три години од мојот договор и тој вели дека ќе бидам овде, па можам да се фокусирам на тоа“- истакна Ван Бисака.