Играчот кој се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед потврди: Имав разговори…


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Фудбалерот на Ред Бул Лајпциг, Дајот Упамекано се поврзува со трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед ова лето.

Дека одржал преговори со некои тимови потврди и самиот играч кој потоа потенцираше дека не се брза за да ја избере новата средина каде би играл во иднина.

„Во Лајпциг сум повеќе од три години и добро ми е. Знам дека ме бараат, веќе разговарав со некои клубови, тоа е точно, но не се брзам. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“ –изјави Упамекано.