Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рајан Сесењон им кажал на челните лица на Фулам дека не планира да го прифати новиот договор кој му е понуден и посочил дека имал намера да си замине од клубот ова лето.
Според „Скај Спортс“ 19 годишниот фудбалер притискал за трансфер надвор од „Кревин Котиџ“ откако неговиот тим испадна од Премиер лигата по само една година натпреварување во најелитната англиска лига.
Минатиот месец „Скај Спортс“ објави дека Манчестер Јунајтед стапил во контакт со челниците на Фулам за потенцијален договор за играчот, додека и Тотенхем исто така е заинтересиран за неговите услуги. Според истиот медиум, Сесењон преферирал трансфер во Тотенхем, меѓутоа двата клуба се уште не седнале да разговараат за трансфер на играчот.