Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По повеќе од две децении Попај Џонс се враќа во Денвер. Поранешниот крилен центар кој во 1992 година на драфтот беше избран како 41 пик пристигна во стручниот штаб на тимот за кој играше во сезоната 1999/2000, каде што ќе му биде асистент на Мајк Мелоун.
Џонс е асистент во НБА-лигата од 2010 година, а сега се приклучи на стручниот штаб на Денвер. Во минатата сезона беше дел од Филаделфија, а сега доаѓа да работи со Никола Јокиќ.
Во текот на паузата во сезоната 2018 година стигна во Србија, каде што бил дел од кампот „Кошарка без граница“, а таму биле многу НБА-ѕвезди како Јокиќ, Богдан Богдановиќ, Никола Вучевќ и други.