Играше во втората екипа на Динамо Загреб, а сега потпишува за Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид би можел да го има следното засилување во дефанзивниот дел на тимот од францускиот Лига 1.

Кралевите го следеа Габриел Магалхас, 22-годишниот стопер, кој веќе извесно време покажува добри партии во дресот на Лил.

Едер Милитао, кој пристигна за 50 милиони евра, не успеа да го убеди Зинедин Зидан, па кралскиот клуб бара нова алтернатива за Рафаел Варан и Серхио Рамос.

Вредноста на Габриел е 20 милиони евра, што е прилично пристојна цифра, а дефанзивецот на Лил би бил многу поевтина инвестиција во однос на Дајот Упамекано од Лајпциг.

Интересно е што Габриел го помина вториот дел од сезоната 2017/18 на позајмица во Динамо, но тој немаше шанса да се докаже на Максимир затоа што претежно беше во Б тимот на Сините.

Бразилецот пристигна во Лил во 2017. година од Авајо за 3 милиони евра, што значи дека клубот од северот на Франција би заработил многу пати повеќе по неговата продажба.