Играше за Арсенал во златната доба, а сега лежи во бункер во Украина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Арсенал, Олех Лужни реши да се приклучи на украинската војска и да помогне во битката против Русија.

Лужни зема пушка во рака за да помогне во одбрана на Украина по нападот на Русија, кој трае од 24 февруари.

„Како и сите посветени Украинци сега сум во Украина, со сите наши луѓе кои ја бранат татковината. Ситуацијата е напната, сирената постојано свири. Луѓето мора да трчаат кон засолништа“, вели Лужни.

Украинецот играше за Арсенал од 1999 до 2003 година, а беше член и на СКА Лвов, Динамо Киев, Вулверхемптон и уште неколку тимови.