Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Спасиќ се наоѓа во тешка финансиска состојба, поради што побара помош.
Спасиќ, кој во кариерата го носеше дресот на Раднички, Партизан, Осасуна и Реал Мадрид, кажа дека му треба финансиска помош затоа што ги загубил парите.
„Живеам од ден за ден, во тешка ситуација сум. Кога се вратив во Србија, почнаа моите проблеми. Фирмата во која вложував пари пропадна и морав да работам за да преживеам. Работам како магационер за 400 евра. Еден период бев и во депресија. Згрешив затоа што не разговарав со никого, туку се затворив во себе“, вели Спасиќ.