Игуаин ја шокираше Италија: Ме турнаа во Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На првата конференција за медиумите како играч на Старата дама аргентинскиот голгетер го обвини првиот човек на клубот од Неапол.

Новиот напаѓач на Јувентус и вториот најплатен фудбалер на сите времиња Гонзало Игуаин ја одржа денеска првата конференција за медиумите како играч на Старата дама!

Тој прво го посети музејот на најтрофејниот клуб во Италија и се запозна со историјата на клубот, а тогаш пред новинарите јавно го обвини првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис за заминувањето од Сан Паоло…

„Мојот однос со Де Лаурентис никогаш не беше добар бидејќи тој и јас никогаш не сме размислувале на ист начин“, рече Аргентинецот.

„На одлуката да ја прифатам понудата на Јувентус влијаеше и тој, поради тоа што ме турна да се одлучам за такво нешто. Не сакам да поминам ниту минута повеќе со тој човек. Сега сум среќен и се заблагодарувам на луѓето од Јувентус на големиот труд кој го вложија за да ме ангажираат“.

Игуаин потоа рече дека лесно се одлучи за Старата дама од една многу едноставна причина.

„Ова е важен клуб во целиот свет. Една од причините што се одлучив за Јуве е победничниот менталитет на овој тим. Сега морам да покажам колку навистина вредам. Сепак, не беше лесно да се одлучам на ваков чекор, долго размислував и се советував со пријателите. Во животот секогаш гледате да ја донесете најдобрата одлука за себе, а јас мислам дека донесов една таква со доаѓањето во Торино“, порача на крајот Гонзало Игуаин.