Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот аргентински напаѓач Гонзало Игуаин ја игра најверојатно својата последна сезона во дресот на Јувентус, иако има договор со „Старата дама“ до 2021 година.
Шпекулациите кои се појавија во италијанските медиуми најавуваат трансфер на Игуаин во Ривер плејт, а Јувентус нема ништо против такво нешто.
Игуаин реши да се јави и да одговори на шпекулациите кои се појавија во медиумите.
„Ривер плејт е клуб кој ми даде колку што можеше повеќе, тука станав фудбалер кој подоцна се проби до Реал Мадрид. Што ќе се случи, не знам, но моите мисли во моментов се во Торино“, кажа 33-годишниот фудбалер за медиумите.
Игуаин последен пат го носеше дресот на аргентинската екипа во далечната 2007 година.