Игуаин: Пензија? Јас знам подобро од татко ми…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Јувентус, Челси и Реал Мадрид, Гонзало Игуаин демантираше дека на крајот на сезоната планира да замине во пензија.

Пред неколку дена неговиот татко Хорхе кажа дека Игуаин ќе ја прекине фудбалската кариера на крајот на сезоната, но тој тврди дека тоа не е вистина.

„Тоа беше недоразбирање, во целост сум посветен на мојот тим и кога ќе донесам таква одлука јас ќе ви ја соопштам. Тоа што татко ми и други луѓе кажуваат некои работи нема никаква врска со тоа што го правам јас. Во моментов размислувам само за екипата“, вели напаѓачот.

Игуаин потпиша за Интер Мајами во 2020 година, а досега одигра 43 меча и постигна 14 голови, додека во текот на кариерата се закити со 13 трофеи.