„Игуаин почнува од клупа, од Пјаца очекувам многу“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Утре е на распоредот отворањето на италијанската Серија А, а веќе на првиот ден на теренот е апсолутниот фаворит за освојување на Скудетото, екипата на Јувентус.

„Бјанконерите“ и онака имаат доминантен тим во Серија А, а сега уште додадоа неколку спектакуларни засилувања како Миралем Пјаниќ, Марко Пјаца и Гонзаго Игуаин. По повод првиот меч, тренерот Масимилиано Алегри се одлучи да открие во каков состав ќе излезе, барем кога се засилувањата во прашање.

„Пјаниќ има мала проблем со повреда, па ќе сочекаме со неговиот настап. Гонзало Игуаин е во конкуренција, но мечот ќе го започне од клупа, поради тоа што не сум сигурен дали е спремен за сите 90 минути“, рече Алегри и додаде:

„Од Марко Пјаца очекувам многу во оваа, но и во следната сезона. Може да игра на повеќе позиции и ќе биде вистинско освежување во нашата екипа. Ќе го користам и во нападот, но и на крилните позиции“.