Игуаин во солзи стави крај на кариерата (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најдобрите аргентински фудбалери Гонзало Игуаин синоќа го одигра последниот натпревар во кариерата, по што се расплака и се збогува од спортот.

Интер Мајами загуби со 0-3 од Њујорк сити во осмианфиналето на плејофот во МЛС-лигата, а тоа беше последна средба за аргентинскиот напаѓач.

„Почнува мојот втор живот, завршив со тоа што го сакав најмногу. Зад мене е кариера од 17 години. Совеста ми е чиста и заминувам да уживам во тоа што следи“, вели Игуаин.

Аргентинецот во кариерата играше за Реал Мадрид, Ривер Плејт, Наполи, Јувентус, Челси и Милан, додека за Аргентина настапи на 75 натпревари и постигна 31 гол.