Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија вчера го совлада Чиле и избори пласман во главната фаза на Светското првенство (СП) во Египет, по што ги дознавме следните три ривали, а тоа се Словенија, Русија и Белорусија.
Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги одреди саатниците за натпреварите со следните противници, па македонските ракометари ќе играат од термините во 15.30 часот против сите три селекции.
Најпрво тргнуваме в среда против репрезентацијата на Словенија од 15.30 часот, а в петок се игра мечот против Русија од 15.30, а на крајот во групната фаза ќе се соочиме против Белорусија од 15.30 часот.
Во четвртфинале се пласираат само првите две репрезентации во секоја од групите.